Ден посветен на почитување, поддршка и разбирање

По повод 3 Декември: Меѓународниот ден на лицата со попреченост – ден посветен на почитување, поддршка и разбирање на лицата со различни видови попреченост,специјалниот едукатор и рехабилитатор реализира работилница со учениците од VII-3 одделение. Во рамките на активностите, учениците изработија хамер-постер со кој нè потсетија дека секој човек е вреден, способен и уникатен.
Работилницата беше дополнета и со PowerPoint презентација посветена на карактеристиките на лицата со попреченост, со цел подигнување на свесноста, емпатијата и меѓусебното почитување.Исто така оваа презентација беше презентирана и во 2-1 одделение,3-1 одделеније,3-2 одделеније и 7-3 одделеније.
Во прилиг следуваат слики :

Comments are closed.
Кузман Јосифовски Питу