Светски ден на аутизмот – 2 Април

По повод одбележувањето на Светскиот ден на аутизмот – 2 Април, во 8-3 одделение се реализираше ликовна работилница на тема „Поддршка на децата со аутизам“. Инспирирани од симболиката на сложувалките (пазлите), учениците преку креативно изразување изработуваа цртежи и пораки кои ја промовираат различноста, прифаќањето и емпатијата.
Работилницата имаше за цел да ја подигне свеста кај учениците за аутизмот и да поттикне разбирање и почит кон децата со аутизам.

Во рамки на активностите, од страна на специјалниот едукатор и рехабилитатор беше спроведена и PowerPoint презентација на тема „Поддршка на децата со аутизам“. Презентацијата беше реализирана во следните одделенија: 1-1, 1-2, 6-3, 7-2, 7-3 и 8-3 одделение.

Во 1-1 и 1-2 одделение, овој ден дополнително беше одбележан и преку спортски игри, реализирани во соработка со наставниците по физичко и здравствено образование и специјалниот едукатор и рехабилитатор, при што учениците преку игра и дружење учеа за прифаќање, тимска работа и поддршка.

Comments are closed.
Кузман Јосифовски Питу