Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад

Од јули 2024 година Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија започнаa со спроведување на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“. Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија и Амбасадата на Швајцарија во Македонија (Embassy of Switzerland in North Macedonia) преку Цивика мобилитас Civica Mobilitas и ќе се споведува до октомври 2026 година. Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија за поддршка на граѓанското општество во Северна Македонија, која ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска.

За таа цел еден тим на ученици составен од 4 ученици и наставникот Милица Блажевска кои веќе развија една зелена бизнис идеја за реупотреба на био отпад учествуваат на Работилницата за „Зелени бизнис идеи за реупотреба на био отпад″ на 15.04.2026 год, со почеток во 9.00 часот во Био технолошката лабораторија во ССУ „Марија Кири Склодовска″ и учествуваат во натпреварот за идеи со цел да ги пробаме нивните бизнис идеи.

Ученици учесници во Работилницата се : Ева Мицкоска,Стефан Саракински,Леонора Богоевска ,Петар Божјаковски.

 

 

 

Comments are closed.
Кузман Јосифовски Питу