Денес учениците од осмо и деветто одделение учествуваа на иновативен настан организиран од Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво.
Во рамки на настанот, учениците активно учествуваа со свои идеи, покажувајќи креативност и иновативност. Тие осмислуваа еко-решенија насочени кон заштита на животната средина и подигање на свеста за одржлив развој.
Со вакви активности се поттикнува развојот на критичко размислување, тимска работа и претприемачки дух кај учениците.
