Ден на планетата Земја

На ден 22.04.2026 година, по повод одбележувањето на Денот на планетата Земја, успешно се реализираше заедничка еко-активност помеѓу ученици од ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“ и ученици од 5-2 одд. и 8-3 ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“ – Кисела Вода, Скопје.

Активноста се одржа во училишниот двор и беше насочена кон негово чистење и уредување. Учениците, поделени во мешани групи, активно учествуваа во собирање и селекција на отпад, засадување и полевање цвеќиња, како и поставување дрвени куќички за птици. Посебен акцент беше ставен на инклузијата и меѓусебната соработка, при што учениците соработуваа и си помагаа во извршувањето на задачите.

Comments are closed.
Кузман Јосифовски Питу