Голем успех на континенталниот HIPPO 1 натпревар

Со голема гордост и задоволство ја споделуваме извонредната вест дека нашата ученичка Веда Златкова од VI-1 одделение постигна голем успех на континенталниот HIPPO 1 натпревар по англиски јазик, кој се одржа во Лидо ди Јесоло, Италија.

Во силна конкуренција на ученици од земји од цела Европа, Веда освои Втора награда, покажувајќи одлично познавање на англискиот јазик, посветеност и труд.

Со овој извонреден резултат, Веда обезбеди пласман на Светското финале на HIPPO натпреварот, кое ќе се одржи во септември во Сполето, Италија.

Овој успех е резултат на нејзината истрајност, талент и посветена работа под менторство на наставничката по англиски јазик Лилјана Данилов.

На Веда ѝ упатуваме искрени честитки и ѝ посакуваме многу успех и достојно претставување на нашето училиште и држава на светското финале!

Comments are closed.
Кузман Јосифовски Питу