По повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, со учениците од I до IX одделение беше спроведена и реализирана играта пантомима. Активноста имаше за цел да ја прикаже поврзаноста меѓу знаковниот јазик, кој го користат лицата со оштетен слух и играта пантомима – игра во која говорот е изоставен, а комуникацијата се одвива со гестови, движења и изрази.
Преку оваа активност учениците имаа можност да се стават во улога на лица со оштетен слух, да почувствуваат како изгледа комуникацијата без говор и да развиваат поголема емпатија, разбирање и почит кон нив.