На 12.05.26 беше реализирана последната обука за млади истражувачи во соработка со УКИМ и МОН. Во текот на месец април и почетокот на месец мај, ученици од VIодд. имаа прилика практично да се запознаат и да спроведат процес на научно општествено истражување.
Учениците сами изработуваа, хипотеза, прашалници, анкети и интервју, што резултираше со изработка на акциски план со низа активности. Нескромно би ги пофалил за нивната посветеност, исполнителност и одговорност.
