Денес нè посетија идните првачиња. За првпат се запознаа со поимот училиште, со насмевки, љубопитност и многу детска радост. Направивме мал чекор кон нивното големо патување во светот на знаењето.
ПОВЕЌЕ ...
На 24.4.2026 год. во соработка со Црвен крст, нашите ученици од VIII и IX одд. активно се вклучија во предвидените вежби по Прва помош каде покажаа одлични резултати и научија дека Првата помош не е само знаење, таа е вештина што спасува живот !
ПОВЕЌЕ ...
На 20,21,22 април нашите ученици учествуваа на манифестацијата,,Денови на Електротехниката”во организација на СЕТУ ,,Михајло Пупин”-Скопје. Првиот ден учениците решаваа тест од темата Електричество и Магнетизам каде иако не влегоа во финале,покажаа доста солидни резултати.Учество земаа учениците од 9-2одд: Миа Саздовска,Јана Стојановска и Филип Несторовски со 
ПОВЕЌЕ ...
Денес нашите ученици го посетија Саемот на книги. Уживаа во светот на зборовите, нови приказни и знаење!
ПОВЕЌЕ ...
Ден на планетата Земја Учениците од I-2 одделение, заедно со своите наставнички, го одбележаа Денот на планетата Земја преку креативни активности, цртежи и еко-пораки. Нашата планета е наш дом – место кое ни дава живот, убавина и инспирација секој ден. Преку детските рачиња и искрените 
ПОВЕЌЕ ...
На ден 22.04.2026 година, по повод одбележувањето на Денот на планетата Земја, успешно се реализираше заедничка еко-активност помеѓу ученици од ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“ и ученици од 5-2 одд. и 8-3 ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“ – Кисела Вода, Скопје. Активноста се одржа во училишниот 
ПОВЕЌЕ ...
Денес учениците од осмо и деветто одделение учествуваа на иновативен настан организиран од Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво. Во рамки на настанот, учениците активно учествуваа со свои идеи, покажувајќи креативност и иновативност. Тие осмислуваа еко-решенија насочени кон заштита на животната средина и подигање 
ПОВЕЌЕ ...
Од јули 2024 година Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија започнаa со спроведување на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“. Проектот е поддржан од Владата 
ПОВЕЌЕ ...
Известување Почитувани родители и идни првачиња, Нашето училиште е подготвено со радост да ги пречека новите ученици. Создадовме пријатна и поддржувачка средина во која децата ќе учат, ќе растат и ќе ги направат своите први училишни чекори. Ги покануваме сите идни првачиња да ни се 
ПОВЕЌЕ ...
Во училиштето се организираше групна велигденска работилница со учениците од петто одделение, каде учениците се дружеа, се запознаваа и споделуваа искуства. Преку заедничка работа и креативност, создадоа убави спомени и празнична атмосфера.
ПОВЕЌЕ ...
Активности ИНФО
Вести, настани, активности и многу повеќе.
Прегледај
Кузман Јосифовски Питу